Кристен Стјуарт оствари нова соработка со Шанел

30 април 2014

Колекцијата Париз – Далас е посветена на поврзаноста меѓу Шанел и Тексас и традицијата на Индијанците и каубојците од американскиот југ. Во тој контекст, Кристен Стјуарт позираше облечена во пончо, фустан со традиционални мотиви, креации со реси и модерни каубојки.

Иако многумина сметаа дека Кристен не треба да биде дел од овој проект, сепак трите фотографии кои се пуштени како најава, се доказ дека таа одлично се вклопила во концептот на Карл Лагерфелд.

Објавено:
30 април 2014
Категорија: 
Актуел