Караванот Париз – Далас на Шанел продолжи со фасцинантна ревија во Токио

5 јуни 2014

Шик караванот Париз – Далас на омилените Шанел во чии рамки тие ја презентираат нивната Paris-Dallas Metiers d'Art колекција, продолжи на сосема неочекувана локација и тоа во Токио.

Како што и се очекуваше, на затворената ревија присуствуваа некои од најпознатите личности од високото општество во Токио во супер комбинации со потпис на Шанел.

Колекцијата на обожавателите на Шанел им беше претставена пред околу шест месеци во Далас, Тексас, во неверојатно амбиентално окружување каде што доминираа американските знамиња и пластовите сено кои што единствено потсетуваа на – Тексас!

Токму тогаш, актерката Кристен Стјуарт беше прогласена за заштитно лице на оваа колекција на Шанел по што следуваа месеците на промоција на истата, а токму вчера, дојде редот и на модниот Токио.

Следната промоција на колекцијата на Шанел ќе се случи во Аспен некаде во есенските месеци, кога истата ќе биде ставена на продажба во креативната поп – ап продавница.

Во продолжение, погледнете ги стајлинзите на гостите на приватната ревија на Шанел и дел од изгледите на писта.

Објавено:
5 јуни 2014
Категорија: 
Колекции