Новата ревија на „Шанел“ ќе биде во домот на Коко

15 септември 2016

Од модната куќа „Шанел“ секогаш се очекува спектакл. Карл Лагерфелд секогаш се надминува себеси во поглед на сценографија и атмосфера, а тоа го докажа и по повод роденденот на модната куќа „Фенди“.

Долго време се зборуваше што следно ќе направи, а дизајнерот одлучи да ги прекине шпекулациите и сам да ја најави новата ревија на „Шанел“.

Новото случување „Matiers d’Art“, ќе се одржи на 6-ти декември во Париз и тоа во хотелот „Риц“, каде легендарната Коко Шанел живеела три децении. Во хотелот има и соба со нејзино име, направена во нејзина чест, која се простира на 188 метри квадратни, а цената на едно ноќевање изнесува 18.000 евра.

Инаку, хотелот е неодамна отворен, после големиот пожар и обновата.

Другите детали за големото модно шоу Карл ги задржа за себе и ги остави модните обожаватели да фантазираат. Веќе се претпоставува дека дизајнерот кој неодамна го прослави 83-от роденден ќе го „врати“ хотелот во времето кога Коко живеела таму.

Што и да смислил, несомнено ќе биде проследено со големо внимание. За потсетување, големите ревии „Chanel Metiers d’Art“ се одржувани ширум светот – од Единбург и Далас, па сѐ до Шангај и Рим.

Објавено:
15 септември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
964 пати
Извор: 
Grazia