Културната елита присутна на отворањето на Стариот театар

31 мај 2013

Колку е блиску Сонцето!

Со првата реплика изговорена токму од сцената на овој театар во 1945 год, денес, директорот Дејан Лилиќ го започна своето обраќање по повод отворањето на новата театарска куќа.

 

 

Дејан Лилиќ директор на МНТ

 

Македонскиот Народен Театар конечно ја доби новата зграда, која се наоѓа на левиот брег од реката Вардар, изградена врз темелите на стариот театар кој се урна во земјотресот во 1963 год. Со вкупна површина од 7200 метри, и аудиториум кој е поделен на голема сала која е целата изработена со позлата, црвено кадифе и многу светилки, и слободно можеме да си дозволиме да кажеме дека се носи рамо до рамо со светски познатите театарски куќи.

 

 

 

Меѓу присутните беа и  претставници од  политичкиот  врв, бизнис елитата, архиепископот охридски и македонски Г.Г. Стефан, многу естрадни личности, актери , режисери, академици, еминентни имиња од македонската културна сцена, критичари, драматурзи, претставници од амбасади и гости од театарски куќи ширум нашата држава. Дел од нив го испочитуваа формалниот дрес код кој важи за непишано модно правило кога се во прашање вакви протоколарни настани, меѓутоа поголем дел од присутните водени од својата уметничка слобода сепак го задржале својот стандарден секојдневен имиџ.

 

 

Една од оние кои секогаш внимаваат на својот изглед е актуелната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

„Театарот е огледало каде можеме да се огледаме сите ние”, изјави Канческа-Милевска во своето обраќање пред присутните.

 

 

На крај на гостите им се обрати и претседателот на владата на Република Македонија, премиерот Никола Груевски кој не можеше да ги скрие импресиитеи насмевката за успешно сработеното. „Духот на стариот театар денес се всели во новата зграда, тоа има го должевме на старите скопјани, на доајените на македонската сцена, но и на сите нас, сега имаме театар изграден по светски стандарди“.

 

 

Оваа манифестација беше затворена со изведба на фрагменти од претставата „Вечната куќа“ по текст на Јордан Плевнеш, во режија на Дејан Пројковски, со која во септември свечено ќе биде отворена новата зграда на објектот „Стари театар“, во Скопје.

 

 

.

Објавено:
31 мај 2013
Категорија: 
Актуел