Омилените модни парчиња со оригиналниот потпис на Елена Лука сега може да ги купите со големи попусти.
До крајот на февруари креациите од ексклузивната колекција ELigion и деловните парчиња од Бизнис колекцијата, се со попуст од 20 проценти, додека останатиот асортиман на престижната македонска модна куќа е со попуст до 50 проценти.
Автентичниот моден дизајн што го носи уникатниот печат на брендот, со достапни цени, сега може да го имплементирате во вашата стилска приказна и да го заокружите вашиот препознатлив визуелен идентитет.
Ви ги предлагаме екстравагантните капути и јакни од колекцијата ELigion за топол, но истовремено и уникатен зимски стајлинг. Секако доколку ви следува некој свечен настан, со сигурност ќе ја најдете идеалната тоалета помеѓу големиот избор долги фустани со богата рачна изработка и впечатливи детали.
За деловните дами, Бизнис колекцијата со сигурност ќе значи олеснување во нивните секојдневни дилеми како да останат оригинални и свои, а истовремено да го испочитуваат и зацртаниот бизнис дрес код. Па така со 20 проценти намалени цени ќе можат да си ги купат омилените здолништа, капути, кошули сакоа или панталони.
Идните невести да ги потсетиме дека во тек е и сезонскиот попуст на венчалните фустани кои совршено ќе го заокружат најзначајниот ден во нивниот живот.