Лана Дел Реј во сексапилна меланхолија за V Magazine

3 септември 2015

Меланхолијата и мистичниот сексапил ја дефинираат кариерата на Лана Дел Реј уште од нејзините почетоци. Во истиот фазон е и нејзиниот нов, трет студиски албум од кој во моментов е актуелна со песната „High By the Beach".

Уште еден повод, Лана да се врати на насловните страници. Во нејзината нова фотосесија за насловната на зимското издание на V Magazine за 2015 година, Лана го носи црвениот кармин како заштитен печат на нејзиниот имиџ, заедно со „мачкестите" очи.

Облечена во крзнено палто, Лана заведува преку фотографиите што ги направи Стивен Клајн.
Во интервјуто за магазинот, Лана го објаснува својот став за феминизмот за кој беше критикувана минатата година, кога за Fader Magazine изјави дека не е заинтересирана за таквото движење.


„Луксузот што го уживаме како помлада генерација ни дава можност да избираме каде сакаме да одиме и кои цели сакаме да ги постигнеме, поради што имам кажано дека не се фокусирам на феминизмот, туку  на иднината", образложува Лана во интервјуто за V Magazine.

 

Објавено:
3 септември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
584 пати