Лана Дел Реј во гранџ елемент

24 октомври 2013

И покрај тоа што прв синоним за Лана Дел Реј е меланхоличниот глас и винтиџ стилот, сепак овој пат за насловната на магазинот Nylon ја гледаме во едно поинакво издание каде преовладуваат елементи од гранџ стилот.

Фотографирана е на едноставна чиста позадина во сезона во која преовладува духот на  rock’n’roll и гранџ комбинациите. Лана на себе носи кожени јакни со реси, долги предимензионирани капути преку нежниот свилен комбинезон, старки, џемпери со пруги и краток шорц.

Во интервјуто за списанието таа зборува за личната борба против зависноста од алкохол, како и за тоа како се носи со критиката.

 

Објавено:
24 октомври 2013
Категорија: 
Сцена