Запознајте ја помладата сестра на Лана Дел Реј

9 октомври 2014

Познатата и неверојатно шармантна пејачка Лана Дел Реј чии романтични стихови го стопија и најтврдото срце, не единствена од семејството која поседува уметнички талент. Времето на нејзината сестра Чак допрва доаѓа.

За новото издание на магазинот Nylon, Лана Дел Реј на јавноста и ја претстави својата помлада сестра, инаку фотографка чие име е Чак. Според она што го соопшти Дел Реј, Чак е одговорна за бројни фотографии, направени десет години претходно кои ја прикажуваат поп иконата во нејзиниот типичен Noir стил.

Младата Чак, начинот на кој фотографира го опишува како суров, дрзок, некомплетен со нагласена употреба на блицот. Како свои идоли чии дела ја фасцинираат, русокосата фотографка ги наведува Јирген Телер, Тина Барни и Филип Лорка ди Корција, а голема желба и предизвик и е да работи како модна фотографка. Да се надеваме дека ќе успее во својата цел.

 

Објавено:
9 октомври 2014
Категорија: 
Сцена