Најдобрите модни аутфити на Лана дел Реј

13 јули 2013

Иако има само 27 години, Лана дел Реј завладеа како на музичката сцена така и на црвените килими. Во продолжение погледнете ги најдобрите модни аутфити на пејачката.

Лана дел Реј на премиерата на филмот „The Great Gatsbyна Канскиот филмски фестивал во фустан од Лена Хосчек.

На доделувањето на Echo наградите пејачката се појави во фустан од Армани и обетки од Џенифер Фишер.

На модната недела во Милано, Лана се појави во креација на Версаче со нагласен црвен кармин.

На лансирањето на новата колекција на H&M, Лана се појави во макси фустан од шветскиот бренд.

На модната недела во Лондон, музата на Мулбери  за претставувањето на новата колекција  пролет – лето 2013, се појави во целосен аутфит од овој моден бренд.

На премиерата на филмот „Moonrise Kingdom“ Лана се појави во тоалета од Алберт Ферети.

На гала вечера во Њујорк, пејачката се одлучи за монохроматски аутфит од Мулбери.

На доделувањето на Британските музички награди, Лана дел Реј носеше црвен долг фустан од Вивиен Вествуд.

Лана дел Реј во цветен аутфит од Прабал Гурунг и кожена моторџиска јакна.

 

Објавено:
13 јули 2013
Категорија: 
Сцена
Тагови: 
Лана Дел Реј