Вино и акустична музика во четврток во Рамстор Мол

Летна ноќ во Liu Jo!

8 мај 2017

Сите ги паметиме оние прекрасни долги летни вечери кога дува топол летен ветер, небото е чисто и можеме да ги броиме ѕвездите, слушаме прекрасна музика и да се разладуваме со вкусно вино.

Ние се инспириравме токму од тие летни вечери. Вечери кои сите сме ги имале и сакаме никогаш да не завршат.

Ве покануваме на 11-ти мај од 19 до 21 часот да присуствувате во Liu Jo на нашата летна вечер. Настан чија инспирација беа топлите ѕвездени летни вечери, а поводот е прекрасно дружење.

Дружење со квалитетно Езимит вино, кетеринг и шопинг придружувано од убавите звуци на виолините.

Се надеваме дека барем за момент ќе успееме да ве вратиме во спомените од оние незаборавни летни вечери со музика и друштво. Но, уште поважно заедно да направиме нови спомени од оваа наша нова заедничка летна вечер. Вечер во која ќе имате ексклузивна можност да го дегустирате висококвалитетното вино од Винарија Езимит Вино. Елегантните и комплексни вкусови и ароми на линијата Stardust ќе го збогатат севкупното доживување на секој посетител.

Вечер во која ќе имате можност да си купите некое прекрасно парче од летната колекција на модни додатоци од Liu Jo. Раскошни, впечатливи и ексклузивни модни додатоци со кои навистина ќе блескате секоја вечер од летото.

Повелете на 11-ти мај во Liu Jo да ја отвориме летната сезона на лелеави фустани и сандали, на квалитетно вино и убава музика, на мирисот на лето и убаво дружење.

Објавено:
8 мај 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
346 пати