Вистинско задоволство беше да присуствуваме на настан кој ретко се случува на овие простори, особено кога се работи за почитување на клиенти на еден бренд кој е присутен кај нас на пазарот.
Се работи за Liu Jo создаден од браќата Марчи 1995-та година во Капри, Италија. Почнуваат многу скромно со еден бутик, но за многу краток период се развиваат во влијателна модна куќа со над 130 бутици низ целиот свет.
Од 2008-ма имаат свој дизајн на чевли, а во 2011-та Кејт Мос им беше заштитно лице.
Барем за момент оваа вечер допира до еден летен спомен, преку лелеавите фустани, сандали, чаша убаво вино, прекрасна музика.
Темата летна вечер е секогаш предизвик особено кога вниманието недостасува во последно време во било која форма.
Браво за Liu Jo!
*Спонзорирана објава
Магнетик Груп, Скопје