Пролетта е веќе во полн ек, а тоа подразбира носење на најубавите комбинации на кои чекавме долго време.
Она што ние денеска сакаме да ви го предложиме е сината кошула со бели пруги која ја издвојуваме како едно од есенцијалните парчиња што секоја девојка треба да го има во плакарот.
Ние ја обожаваме од повеќе причини – истата е супер стилска, можете да ја комбинирате со многу парчиња, како и да ја носите во повеќе пригоди.
Секако, најдобрата комбинација од Oltre која ќе ви послужи во повеќе наврати е онаа со стилски фармерки, во случајов boyfriend модел кој ние обожаваме да го носиме со чевли на висока потпетица.
Чевлите се речиси секогаш во некоја неутрална боја, а денеска ви ги предлагаме овие во нежна крем нијанса како едни од задолжителните за секоја девојка.
Кога сите овие парчиња ќе ги споите во една комбинација, добивате изглед кој е навидум едноставен, но толку шик и впечатлив истовремено.
Доколку сакате дополнително да ја украсите комбинацијата, ние имаме супер идеја како да го сторите тоа.
Ви предлагаме вашата омилена марама да ја врзете како турбан на главата со што ќе добиете еден малку погламурозен изглед за посебни пригоди.
Стајлинг: Fashionel.mk
Комбинација: Магнетик Груп
Модел: Лидија Ангелкова
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка: Елена Лука