На секоја жена понекогаш и треба инспирација при создавањето на секојдневните комбинации, па токму затоа во плакарот мора да имате безвременски парчиња за таквите денови.
Сината кошула во прекрасната и топла пролет е нешто што секоја жена мора да го поседува, а доколку имате во повеќе форми и модели, тогаш имате сѐ што ви е потребно за стилска сезона.
Оваа пролет, сините кошули ние сакаме да имаат карнери и да се особено впечатливи, а токму таква ви предлагаме и денеска.
Овој пат, карнерите се во задниот дел за уште поспецифичен и поинтересен изглед.
За ретро изглед, прекрасната сина кошула комбинирајте ја со овие шик фармерки до глуждовите со висок струк, кои се одличен стилски пар за сината кошула.
Истата можете да ја носите секојдневно на работа, но и за бројни други пригоди, а што се однесува до чевлите, ние сакаме фармерките да ги истакнеме со високи потпетици, но истите се подеднакво добри и со рамни чевли.
Целосната комбинација можете да ја најдете во продавницата на Oltre во трговскиот центар Рамстор.
Стајлинг: Fashionel.mk
Комбинација: Магнетик Груп
Модел: Лидија Ангелкова
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка: Елена Лука