Регионалниот избор за „Лице на годината" или светски познат како the LOOK of the YEAR се случи завчера во Белград каде што од Македонија беше избрана 16 годишната Горјана Кулишевска од Скопје.
Во Јуни се одржа кастингот во просториите на модната агенција Моделс ИН каде беа избрани десетте финалистки.
Ова е четврта година по ред како се избира „Лице на годината" за Македонија во соработка со модната агенција Модел Скаутинг Офис од Белград.
„Нашата прекрасна Горјана која е веќе 3 години дел од Моделс ИН во моментов се наоѓа на вулканскиот остров Искиа, Италија каде се одржува финалето за „Лице на годината" 2017. Инаку Кулишевска е трета година во гимназијата Орце Николов и покрај моделингот успева да најде време за фитнес и џогинг. За регионалниот избор е задолжена агенцијата MSO на Јелена Ивановиќ која се уште ги застапува и минатогодишните победнички од овој избор и секако се грижи за интернационалниот успех на нашиот топ модел Елена Реи", вели Алек од Моделс Ин.
Големото финале на the LOOK of the YEAR 2017 се случува во сабота.