Лили Роуз Деп е новото заштитно лице на Шанел

18 јули 2015

Ќерката на Џони Деп и Ванеса Паради сè повеќе се пробива во светот на модата. Ја видовме на последната ревија на модниот бренд Шанел, за време на модната недела за висока мода во Париз. А според најновите вести, изгледа дека таа е новата миленичка на Карл Лагерфелд.

Имено, од брендот соопштија дека токму 16-годишната Лили Роуз ќе биде нивното ново заштитно лице.

Таа е млада девојка од новата генерација, со квалитети на ѕвезда – прокоментира Лагерфелд.

И нејзината мајка, Ванеса, долги години беше амбасадор на брендот, па изгледа, сè е во гените.

 

Објавено:
18 јули 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
676 пати