Откако се појави на неодамна одржаното шоу на Шанел во Њујорк за меѓусезонската колекција Metiers d’Art, петнаесетгодишната ќерка на актерот Џони Деп и долгогодишната муза на Шанел, Ванеса Парадис, Лили Роуз ја воодушеви јавноста.
Покрај тоа што веднаш почнаа гласините дека таа ќе го наследи местото на нејзината мајка и ќе биде следната миленичка на Карл Лагерфелд, Лили Роуз ја имаше и својата прва професионална фотосесија за магазинот Oyster.
Во својот прв моден едиторијал таа носи лежерна летна облека соодветна за нејзината возраст и изгледа неодоливо со оглед на тоа што ги „позајмила“ најсовршените црти од своите родители. Веруваме дека ова е почеток на нејзината кариера во модниот бизнис и веќе сме во очекување на нејзиниот нов ангажман.