Шанел забава со Кара и Фарел Вилијамс

2 април 2015

После крстарењето на Карл со неговите специјални гости во понеделникот, никој не очекуваше дека веќе утре дента челниот човек на Шанел го кани американскиот џет-сет на нова.

Се работи за претставувањето на Métiers d’Art колекцијата на Шанел во Њујорк. По тој повод, Легерфелд ги покани Фарел Вилијамс, Бијонсе, Џулијан Мур, Дакота Џонсон, ќерката на Шон Пен - Дилан, ќерката на Џони Деп - Лили Роуз со Ванеса Парадис и уште многу други да присуствуваат на новиот спектакл.

chanel-nyfr-27

-Шанел! Не ми се верува дека сум тука сега – изјави Фарел, кој на сцената на забавата по ревијата, запеа заедно со моделката Кара Делевињ.

Меѓу првите гости што пристигнаа беше и Крис Џенер.

Kris jenner and Karl Lagerfeld

-Само за Карл. Го пропуштив шоуто во Салбург, па многу сум среќна што успеав да стигнам и да го видам овде во Њујорк – изјави Џенер.

Вниманието секако го привлече и прекрасната Џулијан Мур, со неонските чевли, секако со потпис на Шанел.

gallery-1427901056-468237192

Julianne Moore

CBdp0oRWQAA9uoi

Во продолжение погледнете како изгледаше настанот и кој сè беше присутен.

Објавено:
2 април 2015
Категорија: 
Сцена