Лондонските дизајнери се здружија за нова хуманитарна цел

17 септември 2013

Голем број јавни личности, уредници, дизајнери и блогери се собраа на отварањето на „World Global Fond“ основан од Ана Винтур, Натали Масент и Ливија Фирт. Проектот е составен од два дела. Во првиот дел се бара од дизајнерите да придонесат со креирањето на облека, а во вториот е нивната продажба.

За почеток учество земаа: Викторија Бекам, Ердем, Кристофер Кејн, Роланд Мурет и Кристофер Бејли, а нивните парчиња ќе бидат ставени на продажба оваа недела. Сретствата ќе бидат наменети за хуманитарни цели, а причината за основањето на овој фонд е да се крене свеста кај граѓаните за помош на најзагрозените слоеви во општеството.

Доколку сакате уникатно парче со потпис од светски познат дизајнер, а истовремено на овој начин да донирате за успешноста на овој проект, потребно е само да го нарачате вашето омилено парче на Net a porter.

Објавено:
17 септември 2013
Категорија: 
Актуел