Модниот караван стигна во најмодниот град во Европа, Милано. Вчера беше означен и официјално почетокот на модната недела во Милано, градот кој овие пет дена ќе биде дом на најголемите модни експерти, обожаватели, стилисти, трендсетерки, дизајнери.
Милано со голема енергија веќе пулсира во модниот ритам и дефинитивно ќе биде локацијата каде ќе се случуваат најважните настани во рамките на модната индустрија. На самиот старт беа презентирани интересни перформанси меѓу кои како најинтересни и најпосетени беа модните ревии на Гучи, Фаусто Пуљизи, Николас К., Деј, Стела Жан и уште неколку.
Честа да ја отвори Миланската модна недела и припадна на една од најстарите модни куќи во Италија, Гучи. Традиционално, Фрида Џанини во „Piazza Oberdan 2 / b“, покани ѕвездена армија на гости кои дојдоа да ги проследат тенденциите на Гучи за наредната сезона пролет-лето 2015 година. Во првите редови можевме да ги видиме Шарлот Казираги,Ана Винтур, Кејт Мос, Сузи Менкес, Франка Соѕани и многу други.
Ѕвездена поворка не недостасуваше ниту на ревијата на Фаусто Пуљизи. Во почесните први редови можевме да ја забележиме повторно Ана Винтур, Ана Дело Русо, Бела Торн и многу други.
Сличен беше случајот и на модниот перформанс на модната куќа Феј, каде ѕвездената прашина буквално ги покри првите седишта. Ана Дело Русо, Кјара Ферањи, Франка Соѕани, Мартина Коломбари беа само дел од дамите кои беа присутни и со големо задоволство го проследија шоуто.
Во продолжение погледнете ја галеријата гости кои беа дел од ѕвездените гости на првиот ден од Миланската модна недела.