Ѕвездени први редови на машката модна недела во Париз

30 јуни 2014

Модниот барометар во Милано и во Париз навистина се искачи највисоко на скалата доколку го земеме во предвид фактот дека под модните рефлектори продефилираа дел од најжешките машки модели, најпознатите дизајнерски имиња кои нормално имаа ѕвездена палета на гости.  Првите редови на модните ревии се престижни места резервирани само за ѕвездите со светска слава. Затоа денес ви презентираме дел од познатите личности кои можевме да ги видиме во првата постава на модните перформанси.

Берлути ревија Берлути ревија

Машката модна недела во Париз беше одбележана со светла демонстрација на брендот Берлути која се одржа во срцето на античката палата во латинскиот кварт наречен „Луксембуршка Градина“. Креативниот директор на брендот Алесандро Сартори, пред присутните ја претстави пролет-лето колекцијата за следната сезона. Брендот веќе четири години е под покровителство на Антоин Арно, па затоа и не треба воопшто да не изненадува фактот што првите редови понудија навистина ѕвездена постава.

Берлути ревија - Сидни Толедано, Делфина и Антоан Арно и Наталија Водјанова Берлути ревија - Сидни Толедано, Делфина и Антоан Арно и Наталија Водјанова

Претседателот на Диор, Сидни Толедано, актерот Мајкл Винкот, извршниот директор Пјетро Бекари Фенди и неговата сопруга Елизабет, сестрата на Антоин, Делфина Арно, моделот Наталија Водјанова, која дојде во друштво со својата сестра Кристина Кусакина, голем број модни фотографи, уредници и дизајнери, беа само дел од долгиот список на гости кои дојдоа да ја проследат ревијата и останаа да уживаат во дружбата на забавата која се одржа после шоуто, а траеше до утринските часови.

Диор ревија - Карл Лагерфелд и Хајдер Акерман Диор ревија - Карл Лагерфелд и Хајдер Акерман

Модниот перформанс на Диор на чело со креативниот директор Крис Ван Аш наиде на голем одѕив. Карл Лагерфелд, Хајдер Акерман и Сидни Толедано беа само дел од познатите кои дојдоа да ги видат „модните прогнози“ за мажи за наредната сезона.

Диор ревија - Сидни Толедано, Делфина Арно и Арнод Лемар Диор ревија - Сидни Толедано, Делфина Арно и Арнод Лемар

Дизајнерот одлучи ревијата да се одржи во тениски клуб во Париз, а инспирацијата ја црпеше од богатата ризница и модното творештво кое се крие длабоко во архивите на компанијата и е оставено како наследство од единствениот Кристијан Диор. Поточно, модната приказна за новата пролет-лето колекција за наредната сезона се базира на една мисла која што лично Кристијан Диор во една прилика ја има кажано:

„Во несигурни времиња, како што е нашето, ние треба да најдеме начин да ја одржиме традицијата и да ја чуваме како најлуксузен цвет кој е сведок за постоењето на нашата цивилизација и претставува белег и идентитет на еден народ“.

Крис Ван Аш проникнал длабоко во оваа филозофија и создал колекција која е посветена на традиционалните класици.

Сен Лоран ревија- Лени Кравиц и Франсоа-Анри Пино Сен Лоран ревија-  Франсоа-Анри Пино и Лени Кравиц

Честа да ја затворат модната недела за мажи во Париз им припадна на Ланвин, Том Браун и Сен Лоран. Креативниот директор на Сен Лоран, Хеди Слиман избра локацијата за претставување на неговото модно шоу да биде на третиот кат во зградата на стариот затворен пазар Carreau du Temple. Дизајнерот остана доследен на својата модна визија и повторно под рефлекторите можевме да видиме модели во rock 'n' roll стил, мексикански дизајнирани понча, блејзери во војнички стил и модни додатоци кои беа комплетно во духот на Дивиот Запад.

Сен Лоран ревија - Азедин Алаја и Франка Соѕани Сен Лоран ревија - Азедин Алаја и Франка Соѕани

По традиција во првиот ред на шоуто го видовме најблискиот пријател на Ив Сен Лоран и ко-основач на модната куќа Пјер Берже, Франсоа-Анри Пино, кој додеј без својата сопруга Селма Хајек и многу други.

Објавено:
30 јуни 2014
Категорија: 
Сцена