Модната недела во Милано, која се издвои како најспектакуларна до сега, полека се приближи кон својот крај. Како кулминација на големата завршница беше организирана amfAR гала вечера „La Permanente“- хуманитарен настан кој секоја година се одржува во рамките на модната недела во Милано.
На манифестацијата присуствуваа ѕвездите на модата, уметноста, музиката и шоу бизнисот. Свеченоста е посветена на Ремо Руфини, сопственик на Moncler, кој преку овој настан сака да и даде едно особено значење на неговата лична посветеност во борбата против СИДА – та. Настанот во целост е организиран со поддршка на Moet Hennesy, Булгари, Мерцедес – Бенз и Вионет. Вечерата беше збогатена со музичка изведба на Грејс Џонс и здравици од специјалната едиција на шампањот „Moët & Chandon Grand Vintage 1914“, берба 1914 година, сместен во шише специјално дизајнирано од модниот бренд на Луј Витон.
Во продолжение погледнете ја ѕвездената армија гости кои дојдоа да бидат дел од ова навистина гламурозно случување.