Италијански Vogue гламурозно ја прослави 50 - годишнината од своето постоење

22 септември 2014

Изабел Гуларт, Каролина Курков, Роберто Бол, Франка Соѕани,Бјанка Брандолини Д'ада, Рикардо Тиши и Карл Лагерфелд Изабел Гуларт, Каролина Курков, Роберто Бол, Франка Соѕани,Бјанка Брандолини Д'ада, Рикардо Тиши и Карл Лагерфелд

Италија дефинитивно пулсира во моден ритам, особено градот кој според  многумина е главното јадро каде  модата не само што раѓа, туку живее и блеска со сиот свој сјај и убавина- Милано. Во рамките на актуелната модна недела каде дизајнерските куќи ги презентираат своите нови колекции и тенденции за наредната жешка сезона, модниот уредник на италијанското издание на списанието „Vogue“, Франка Соѕани, организираше вечера со која  ја прослави 50 годишнината од постоењето на списанието. Ова беше еден од најважните настани и забави кои се случија во рамките на модната недела и несомнено е еден од најважните јубилеи во историјата на модата.

Франка Соѕани не можеше да ја скрие возбудата и задоволството од своето лице. Имено, таа наредната година ќе го одбележи и својот сопствен јубилеј или 25 години на функцијата главен уредник. Во продолжение погледнете ги фотографиите од ексклузивната вечера и ѕвездените гости кои дојдоа да бидат дел од гламурозниот настан:

Објавено:
22 септември 2014
Категорија: 
Сцена