Луј Витон ќе лансира сопствен магазин

26 септември 2014

Првото печатено издание на магазинот ќе биде готово до октомври годинава. Главен и одговорен уредник на магазинот е Силвија Зорив (соработник во францускиот Ел), уметнички директор е Јорго Тлупас и секако креативниот директор на модната куќа, дизајнерот Никола Гескер.

За сега е непознато дали магазинот кој ќе вклучи 126 страни ќе биде дистрибуиран до сите локации за продажба или ќе биде наменет само за најверните купувачи. Содржините на истиот ќе бидат преведени на 11 јазици, а во него покрај ексклузивното интервју со актерката Кетрин Денев за чии фотографии е заслужен Питер Линдберг и текст посветен на класичниот модел на чанта „Keepall“, на насловната страна ќе се најдат новиот креативен директор на Витон и актерката Шарлот Гајсбург, која стана заштитно лице по доаѓањето на Никола Гескер на функцијата креативен директор.

Објавено:
26 септември 2014
Категорија: 
Актуел