Лувр веќе не изгледа исто

2 април 2019

Уличниот уметник Џи Ар пред три години го воодушеви светот со својата инсталација во музејот „Лувр“. Со хартиени „завеси“ ја покри Големата пирамида и ги покри сите стаклени површини, така што всушност пирамидата и не ја забележувате веднаш.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by JR (@jr) onMay 22, 2016 at 7:57am PDT

 Сега пак, повторно е во центарот на вниманието со ново фантастично дело.

Големата стаклена пирамида во рамки на музејот „Лувр“ слави 30 години од поставувањето, а Џи Ар одлучи повторно да направи оптичка илузија.

Како?

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by JR (@jr) onMar 31, 2019 at 12:25pm PDT

Употребувајќи преку 2000 налепници од хартија. Во текот на пет дена, тој заедно со уште 400 волонтери, успеал да создаде просторна илузија, па кога ќе го видите крајниот резултат, добивате впечаток дека пирамидата изникнува од длабочина. Инсталацијата го носи името „Тајната на големата пирамида“.

Инаку, за потсетувањето, стаклената пирамида во Лувр е отворена на 30. март 1989 година.

Ова е досега најголемиот проект на уметникот, а интересно е што дозволил народот да чекори по неа. На тој начин вели, минувачите и посетителите влијаат на животот на неговото уметничко дело. Многумина коментираа дека Лувр веќе не изгледа исто - изгледа уште поинтересно и помоќно, благодарение на уметноста што ја создава овој млад човек.

Сепак, процесот на создавање е зачуван благодарение на фотографиите, кои ви ги презентираме во продолжение:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by JR (@jr) onMar 31, 2019 at 3:59am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by JR (@jr) onMar 30, 2019 at 9:55am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by JR (@jr) onMar 30, 2019 at 1:39am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by JR (@jr) onMar 29, 2019 at 3:24pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by JR (@jr) onMar 28, 2019 at 6:49am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by JR (@jr) onMar 27, 2019 at 4:07am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by JR (@jr) onFeb 19, 2019 at 6:55am PST

 

Објавено:
2 април 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
727 пати