Мадона ги избра дизајнерите за новата турнеја

14 август 2015

Долгогодишното искуство на сцена, поп кралицата Мадона секогаш знае да го искористи во селектирањето на одличен тим со кој ќе соработува и ќе и го гарантира одржувањето на врвот. Познато е дека особено големо внимание посветува на дизајнерите и стилистите кои се одговорни за нејзиниот имиџ.

Ова нејзино правило не беше исклучок ниту кога се работи за нејзината претстојна турнеја насловена Rebel Heart.

Според информациите што ги објави магазинот WWD, сценските костими на Мадона за оваа турнеја ќе ги изработат Џереми Скот, Александар Ванг и Алесандро Мишел. Исто така, како соработници се спомнуваат и Прада, Миу Миу, Сваровски, како и либанскиот дизајнер Николас Гибран.

Со оглед на ваквиот дизајнерски спој, очекуваме вистинска уметност на сцена која ќе го заокружи комплетниот перформанс.

Турнејата започнува на 9-ти септември во Монтреал.

Објавено:
14 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
302 пати