Еве ги костимите на Мадона за турнејата Rebel Heart!

14 септември 2015

На 10-ти септември во Монтреал, Канада, поп кралицата Мадона ја започна светската турнеја за промоција на нејзиниот последен албум „Rebel Heart".

Спектакуларното шоу покрај комплетната листа на хитови, вклучува и одлична сценографија и костимографија за која се погрижија дел од најактуелните имиња во модната индустрија како Александар Ванг, Џереми Скот, Миу Миу, Гучи, Прада...

На фотографиите што беа објавени непосредно по првиот концерт од оваа турнеја, може да забележиме дека благодарение на фасцинантната костимографија, шминка и фризура, таа доживува неколку различни трансформации.

Во еден момент нејзиниот изглед е инспириран од Источната култура, облечена во кимоно со богата текстура и лепеза како главен аксесоар, а веќе во следната сцена Мадона е облечена во луксузен костим инспириран од шпанските матадори.

Објавено:
14 септември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
418 пати