Маја Сашек во уметноста од комбинирање скапи и ефтини парчиња

16 октомври 2014

Убавата и успешна манекенка со интернационална кариера, Маја Сашек е главниот лик низ скопските улици од најновиот едиторијал кој го потпишува стилистката Цаци Паковска за Stilissimo. Фотосесијата  е насловена „Уметност на комбинирање скапи и ефтини парчиња“  каде  манекенката носи есенски комбинации  во кои би се пронашла секоја урбана млада девојка која ужива во својата индивидуалност и слобода.

Од боемски вибрации па’ се до класични и формални, слоевито споени со изразена контраст од бои и принтови. Според замислата на стилистката Паковска, оваа есен задолжителни се „молив“ и глок здолништата со висок струк, кошулите со интересен принт, задолжителните цигара фармерки, дводелните комплети, чантите со реси и шапките.

Инаку, реализацијата зад фото-објективот е на Драган Паковски, а покрај стајлинзите, Цаци се погрижи и за шминката. Во продолжение погледнете го остатокот од фотографиите.

 

Објавено:
16 октомври 2014
Категорија: 
Актуел