(Видео) Погледнете го настапот на Андреа на Евровизија, не се пласиравме во финале

Вчера во Торино во „Пала Олимпико" се одржа втората полуфинална вечер на Евросонг 2022.

Македонската претставничка, Андреа Коевска со песната „Circles" на Александар Масевски, не успеа да обезбеди пласман за големото финале во сабота, иако коментарите за нејзиниот вокал и настап на евровизиската сцена генерално се позитивни.

Во однос на визуелната естетика, сценографијата беше сведена на минимализам и фокусот преку драматичното осветлување беше ставен на Андреа која и овојпат остана доследна на имиџот што го практикува во текот на целата кампања, во комплетно црна комбинација, зад која стои стилистката Цаци Паковска.

Погоре погледнете го нејзиниот настап.

Финалето е закажано за 14 мај сабота, а директен пренос традиционално ќе врши јавниот сервис.

Објавено:
13 мај 2022
Прегледно:
388 пати