Мајкл Корс уште еднаш постигна најголем број лајкови од сите модни брендови на социјалната мрежа Фејсбук. Откако модната куќа стана број еден на Инстаграм, сега го надмина и својот најблизок конкурент „Долче и Габана“ кои немаат ниту третина од лајковите што ги „собра“ Корс минатиот месец.
Само минатиот месец, модната куќа добила околу 1.7 милиони лајкови и вкупно 17.000 луѓе оставиле коментар на некоја објава, со што сега модната куќа на фан страната на Фејсбук има вкупно 12, 708, 819 милиони лајкови.
„Долче и Габана“ се најдоа на второто место, со околу 561,000 лајкови добиени минатиот месец, но иако импресивно, тоа е помалку од една третина од добиените лајкови на Мајкл Корс.
Во Топ 10 – те најлајкувани модни брендови на Фејсбук, се најдоа и индискиот бренд Јепме, Луј Витон, Роберто Кавали, Диор, Бурберу, Џереми Скот и уште неколку други.