Македонскиот модел Елена Реи настапи на ревијата на Ралф Лорен во Токио

26 февруари 2018

По успешно заокружената 2017-та година, интернационалниот топ модел со македонско потекло, Елена Реи, со богата професионална агенда ја стартуваше и 2018-та година.

Периодов таа престојува во Токио каде имаше неколку значајни ангажмани. Неодамна, таа настапи на ревијата од затворен тип на Ралф Лорен, каде ја имаше привилегијата да ја затвори ревијата со венчаница.

Претходно работеше и комерцијален каталог за исто така престижниот бренд Tommy Hilfiger.

„Елена останува до крајот на месец март во Јапонија, каде што веќе е букирана за неколку нови проекти од кои може да го истакнеме шоурумот за Фенди. Веднаш потоа заминува на нова дестинација, но заради големиот број на ангажмани тимот кои стои позади неа MSO (Model Scouting Office ) ќе реши каде најдобро би ја пласирале', ни откри Алек Наумовски од нејзината матична агенција Моделс ИН.

Непосредно пред да замине Елена и тука за краток период успеа да работи на неколку значајни проекти за накит, мејк ап линија и бренд амбасадор на козметика.

 

Објавено:
26 февруари 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
783 пати