Елена Трајановска е прекрасна невеста за Elle Mariage

26 мај 2015

Македонскиот топ модел Елена Трајановска уште еднаш докажа дека е на вистински пат да го освои светот!

По успешните едиторијали за Диор, учеството на ревијата кај јапонското кралско семејство и многуте успешни ангажмани, Елена се најде во јапонското издание на Elle Mariage во прекрасни бели креации.

Дел од нејзиниот моден поход во Токио каде интензивно работи веќе три месеци, е и насловната на јапонскиот магазин Spur каде досега се појавиле бројни светски модели.

Од нејзината матична агенција Моделс Ин откриваат дека по овие успешни ангажмани, Елена работи на едиторијал со познат европски дизајнер, но и на уште многу проекти со кои, како што велат, таа докажува дека е на вистинскиот пат!

Објавено:
26 мај 2015
Категорија: 
Актуел