Во моментов еден од нашите најдобри топ модели Елена Трајановска продолжува по патот на успехот, откако пред неколку месеци замина за Токио каде продолжи да ја надградува својата успешна приказна.
И покрај тоа што Јапонците важат за една од најпрогресивните нации и кај нив зборот професионализам има друга димензија, Елена совршено се вклопи во тамошниот моден свет.
Неодамна, прекрасната Елена беше дел од ревијата од затворен тип за јапонското кралско семејство што се одржа во Grand Hyatt Tokyo, како и главен лик за брендот Мутамарине.
По успешните ангажмани во Токио, за Елена следен е Сингапур, а веднаш потоа и Њујорк. Од нејзината матична агенција Моделс ИН, се надеваат дека на претстојниот кастинг за модели ќе се појави барем приближно нов модел кој ќе продолжи да чекори по стапките на Елена која успешно ја создаде својата модна приказна.
Во продолжение во галеријата, погледнете ги фотографиите од последните ангажмани на Елена Трајановска.