Македонскиот модел Елена Реи во соработка со познатата дизајнерка Моник Лулие

19 јули 2021

Пред само два дена нашиот топ модел Елена Реи беше ангажирана да слика каталог за познатата американска дизајнерка Моник Лулие.

Иако препознатлива по нејзините раскошни венчаници оваа американска дизајнерка со филипинско потекло  исто така дизајнира свечени тоалети и ready- to -wear колекции.

Нашата Реи беше ангажирана два дена да слика каталог и видео на езерото Комо во Италија, местото каде се одвиваше сликањето за едиторијал венчаници за „Харперс Базар“ за сите позначајни модни брендови.

„По завршувањето на снимањето во Италија, Елена се врати во Дерми ( Албанија ) за да го продолжи својот летен одмор. Дизајнерката низ годините се потруди да облече голем број  дами за свечени настани и престижни фестивали  како Мишел Обама, Гвинет Потроу, Џенифер Лопез, Тејлор Свифт, Меланиа Трамп... Секако ова беше вистински камбек за нашиот топ модел заради наметнатата паузата предизвикана од епидемијата на Ковид 19“ вели Алек Наумовски од „Моделс Ин Менаџмент“.

Објавено:
19 јули 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.146 пати
Тагови: 
Елена Реи