Вака изгледа пролетната невестинска колекција на Моник Лулие

29 јули 2014

Познатата дизајнерка Моник Лулие ја презентираше колекцијата венчаници за пролет 2015. „Оваа колекција е мојот етеричен сон преку ден. За идната пролетна сезона сакав да направам портрет. Ги погледнат портретите на Џон Сингр Сарџент и се инспирирав да креаирам прекрасни фустани. Секој фустан е исполнет со повеќе фантазија од претходниот“, вели дизајнерката.

Својата замисла Лулие ја реализираше преку користење на нежни материјали како тул, свилен сантен, органза, тантела.. За да се постигне тој магичен, возвишен изглед, дизајнерката за одредени модели употребила дури и 200 метри тул.

„Се' е до кројот, до тоа како ги сечеме кроиме шаблоните во различни должини, за да не се чувствува тежината на волуменот. Сите фустани се „воздушести“ и не се воопшто тешки и покрај големото количество материјал. Нема ништо понеатрактивно за мене од невеста која се труди премногу да биде пефектна. Јас повеќе ја сакам лежерноста и таквиот тип на убавина“, објаснува Моник.

Таа е препознатлива по тоа што розовата боја ја вклучува во секоја колекција. Но, после 12 години се одлучи да направи експеримент и да ја вметне сината, бојанта на пеперминт, боја на ф'стак.

„Кога ја осмислував оваа приказна, сметав дека ќе биде интересно да вметнам неколку бои, отколку да ја оставам целата колакција бела. Сметам дека боите се суптилни и дека многу невести ќе се одлучат да излезат од шаблонот“, искрена е дизајнерката, која додава:

„Сакав да направам да се почувствувате како кога се будите од сон... Тоа е приказната што сакав да ја раскажам“.

Во продолжение погледнете го едиторијалот, како и комплетната колекција:


 

Објавено:
29 јули 2014
Категорија: 
Бела соба