Пролетната колекција на Моник Луиле: Во име на женственоста, природата и пастелните нијанси

13 јули 2023

Во 18 вековна винарија, веднаш на излезот од Париз, Моник Лулие приреди самовилска магија.

Дизајнерката која има француско-филипинско потекло ја претстави својата Ready-to-wear пролетна колекција за 2024.

Моник, која е препознатлива по свечените фустани и романтичните венчаници, ни донесе свет на женственост, елеганција, самовилска убавина обвиткана со природни мотиви.

Како да се насетуваше една носталгија за времето на Одри Хепберн, распослана низ пастелни нијанси, обвиени со цветни дезени.

Луиле, која во една прилика има изјавено дека ако не станеше дизајнер ќе беше уредувач на ентериери, секогаш и дава главна улога на женственоста.

Мноштво на заводливи тоалети, кои што кокетираат со природата, надополнети со париската софистицираност и мала доза на гламур.

Фото: Vogue

Објавено:
13 јули 2023
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
509 пати