Што носи дизајнерката Моник Лулие?

27 октомври 2016

Дизајнерката со француско-филипинско потекло, Моник Лулие годинава ја прославува 20-годишнината на истоимениот бренд.

Таа е препознатлива по свечените фустани и романтичните венчаници, а каков е нејзиниот личен стил, ќе дознаете во продолжение:

Плакарот на оваа дизајнерка е огромен. Голем обожавател е на обувките и на Фиби Фило и Селин. Но, најголем дел од облеката што ја поседува е изработена секако од сопствениот бренд. Љубител е и на чантите „Биркин“, па има и своја мини-колекција од овој модел.

-Првата „Биркин“ чанта си ја купив кога имав 18 години, за време на едно патување во Париз – вели дизајнерката.

Некои од креациите во плакарот се носени од познати личности.

-Отсекогаш сакав да облекувам жени и тоа од глава до петици. Кога ја дизајнирав мојата колекција обувки, земав многу препознатливи елементи што ги користам во ready-to-wear колекциите, како тантела, кожа и специфични детали. Првпат направив обувки за колекцијата пролет-лето 2013 година и ги носев постојано. Омилени ми се црни тантелни обувки до глужд и сини сандали од питон и тантела, мислам дека се и секси и женствени – објаснува Лулие.

Во Калифорнија се сели во 1988 година, каде завршува училиште по дизајн и никогаш не заминува.

-Ми се допаѓа животниот стил тука. Времето, ритамот на живеење совршено ни одговара на мене и семејството.

Уште еднаш потенцира дека ужива во создавањето облека за жени, да ги прави убави и со тоа да им дава самодоверба.

-Колекциите, особено последната ми се микс на женственост и елеганција, со изразено чувство за силуетата, која оди во прилог на женското тело. Да се чувствуваш самоуверено, е најважно, а особено за чекорењето и дотерувањето за црвен кили. Би сакала да работам со Кира Најтли, како и со Мишел Обама. Има многу работи поради кои сакам што сум дизајнер. Сакам кога ќе се создаде цела колекција, сакам да видам како тоа изгледа на писта, после месеци работа. Сакам кога ќе ми кажат дека носеле моја венчаница. Секогаш може да се види радоста на нивните лица и тоа што ме одбрале мене на нивниот посебен ден, навистина многу ми значи. Сакам кога ги гледам и познатите во мои креации. Толку многу креации сум одбрала за нив, но секој пат кога некоја актерка ќе одбере нешто што сум го дизајнирала, одново се радувам. Сепак, најзначајните моменти од мојата досегашна кариера се врските и односите што ги оформив со луѓето со кои го имав задоволството и да работам и да другарувам – раскажува Моник.

Досега на нејзината листа на соработници се Џули Бовен и Џинифер Гудвин (Еми награди), Ева Лонгорија (АЛМА награди), Блејк Лајвли (за телевизиско појавување), Џенифер Гарнер (зза премиерата на „Арго“ во Лос Анџелес), Дру Баримор (САГ награди), Рис Витерспун (за венчавката), Џесика Честеин, Менди Мур (за Оскар), Кетрин Зета Џонс (за Златни глобуси), Кристен Стјуарт (Оскари), Гвинет Палтроу (за Патеката на славните), Мила Кунис (за Еми)...

И покрај тоа што ја обожува својата работа, сепак вели, да не е дизајнер би била уредувач на ентериери.

-Уживам во креаирање на убави и интересни простори. Во мојот дом користам многу смирувачки тонови, како светли нијанси на сива и беж, за да направам просторот да пренесува искреност, топлина, но и луксуз. За да ја акцентирам монохроматската палета, додавам нијанси на боја со светли модни додатоци и уметнички дела. Она што најмногу го сакам е мојот дом да биде пријатен и гостопримлив, и да го рефлектира моето лично чувство за стил. 

Во продолжение погледнете ги останатите фотографии од плакарот и домот на познатата дизајнерка.

Објавено:
27 октомври 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
462 пати