„Маратонката“ Лоба го покажа затегнатото стомаче
•
13 мај 2013
Убавата поп пејачка со руско потекло Викторија Лоба, на вчера одржаниот Скопски маратон 2013 година, облечена во специјален костим за трчање со број 1003 го покажа и својот талент во брзина на трчање и кондиција, но патем се „пофали“ и со убаво стегнатиот стомак кој го доби како резултат на постојаните тренинзи во фитнес центар и се разбира од ангажманот во танцовото шоу „Танц со ѕвездите“. Иако, таа не е победникот на Скопскиот маратон ниту пак на „Танцот со ѕвездите“ ,Викторија покажа повеќе таленти, но и докажа дека напорната работа вреднува со резултати , па од тука ние би се воделе по онаа народната „Што е убаво нека се види“.