Стела Мекартни и Канон го претставија новиот фотографски сет

17 септември 2014

Како завршница на модниот маратон во Лондон, дизајнерката Стела Мекартни во соработка со Канон, го претставија новиот дизајн на легендарниот фотоапарат Canon EOS 100D, сместен во неверојатно стилска чанта насловена „Линда“ комбинација од снежно сино-бела и крем нијанса.

Најголем дел од детството на британската креаторка е исполнето со голем број фотографски спомени и пожолтени фотографии поради постојаните патувања на различни локации заедно со нејзините родители. Поради тој факт, кога Канон и понудил соработка на Мекартни, таа без двоумење, веднаш прифатила.

Резултатот од успешното партнерство беше создавањето на чантата Линда, која дизајнерката ја именуваше во чест на нејзината мајка која е пејачка, композиторка и фотографска. Линда беше првата жена чија што фотографија се појави на насловната на списанието „Rolling Stone“, а нејзиниот работен опус досега беше претставен во дел од најдобрите галерии во светот како што е случајот со лондонскиот музеј Викторија и Алберт.

Официјалната промоција на чантата и дизајнот на фотоапаратот беше на завршниот ден во рамките на Лондонската модна недела. Чантата „Линда“ е направена од специјална синтетичка кожа (Eco Alter Nappa) во комбинација со меки, пастелни нијанси на сини и крем тонови, а има и прилагодлива рачка за на рамо.

Производството на оваа чанта ќе биде лимитирано на само 1000 примероци. Заедно со дизајнерската чанта во продажба оди и фотоапаратот Канон EOS 100D, а комплетот ќе чини околу 1200 фунти.

 

Објавено:
17 септември 2014
Категорија: 
Актуел