Според Стела Мекартни и Ерме, иднината на модата е во печурките

18 март 2021

Што имаат заедничко дизајнерката Стела Мекартни и луксузниот француски бренд Ерме? Визија дека иднината на модата е во печурките.

Ерме е луксузен бренд од француско потекло, кој на модната индустрија и' ги има дадено можеби најубавите чанти и свилени марами. Брендот работи под јасни начела и скоро никогаш не отстапува од своите стандарди. 

Меѓутоа, нивниот последен потег е создавањето на познатиот модел на чанта Викторија, од печурки. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MycoWorks (@mycoworks)

Во соработка со калифорнискиот стартап МајкоВоркс, ја изработија чантата со материјал наречен Силванија, кој всушност е кожа од печурки. Станува збор за посебно обработен мицелијум од печурки кој по своите својства и текстура потсетува на вообичаените производи од кожа. Од Ерме изјавија дека нема целосно да се откажат од употреба на кожата, но сега имаат и варијанта достапна за оние клиенти кои не сакаат производи од вистинска кожа.

Пасијата на Ерме кон печурките, ја дели и дизајнерката Стела Мекартни. Во 20 години постоење на нејзиниот бренд, Стела никогаш не употребува кожа или крзно или други производи од животинско потекло, па нејзиното вртење кон печурките и не е некое изненадување. 

Стела соработува со Болт Тред од Сан Франциско, компанија која исто така произведува материјал од миселиумот на печурките. Нивниот е наречен Мајло. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mylo™ (@mylo_unleather)

Соработката започнува во 2018 кога ја создаваат првата чанта од печурки, но сега Стела Мекартни може да се пофали со топ и панталони од печурки.

Технологијата има се' уште многу потенцијал да се развива, а Стела верува дека еден ден ќе може да направи целосна колекција од материјал од печурки.

Објавено:
18 март 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
282 пати