Марина Абрамовиќ му се налути на Џеј Зи

21 мај 2015

2627706a-5140-48bb-ac1f-65dc0cba4a2a-620x372

Познатата уметница Марина Абрамовиќ го обвини раперот Џеј Зи дека ја искористил за видео спотот за Picasa Baby: APerformance Art Film.

Имено, Џеј Зи инспириран од перформансот на Абрамовиќ од 2010 година, „Уметникот е сегашност“, во кој таа молчи 736 ипол часа седејќи на маса во Музејот на модерна уметност во МОМА, одлучи да направи нешто уметничко, па ја замоли уметницата да биде негова гостинка.

Abramovic-The-Artist-Is-Present

Во 2013 година, Марина и Џеј Зи имаа свој перформанс преточен во музички спот. Џеј Зи шест часа репуваше во њујоршката галерија Пејс во друштво на Абрамовиќ. Договорот бил после учеството на Марина во неговиот запис, тој да донира средства во нејзиниот Институт.

img_90941

-Бев бесна! Едиствениот услов беше да му помогне на мојот Институт, што на крајот не го ни направи. Дојде кај мене и му дадов цела презентација. Му кажав дека ми е потребна помош при изградбата на Институтот. А тој сосема ме искористи. И тоа не е фер – изјави уметницата за Spike Magazine.

jayz-picasso-baby-behind-the-scenes-03_144313865685-jpg_article_gallery_slideshow_v2_x081h9

Уште и додаде дека за разлика од Џеј Зи, соработката со Лејди Гага поминала во најдобар ред, затоа што пејачката со 45-милиони следбеници, донела многу нова публика во Институтот.

Marina 3

Иако првично беше пренесена информацијата дека Абрамовиќ жали за соработката со популарниот рапер, тоа не е точно:

-Не жалам за соработката, за тоа мојата работа да биде адаптирана, но немам намера да навлегувам во слични проекти. На крајот тоа беше едносмерна трансакција. Веќе нема да правам така. Бев многу наивна. Сето тоа ми беше ново и немав ни идеја дека ова може да се случи. Ќе се оттргнам од таквите соработки – потенцира Абрамовиќ за магазинот.

img_90941

Но, на крајот излезе дека нејзината лутина е неоснована. Набрзо после ова интервју, се огласија од нејзиниот Институт (Институт Марина Абрамовиќ). Во соопштението за јавност тие се извинуваат и на Џеј Зи и на Марина, бидејќи не ги пренеле информациите навремено. Како велат, по соработката, раперот донирал средства за Институтот, но Марина не била информирана за тоа. Токму оттаму и доаѓа недоразбирањето. Од Институтот велат дека преземале соодветни мерки за вакво нешто да не се повтори.

Marina

Инаку, според одредени странски медиуми, Џеј Зи донирал преку 600.000 долари за Институтот Марина Абрамовиќ.

Во продолжение ве потсетуваме на перформансот од 2013 година:

Објавено:
21 мај 2015
Категорија: 
Актуел