Марк Џејкобс го откри сценариото за претстојната ревија која наскоро треба да се одржи во Њујорк, а како што и очекувавме, тоа е навистина лудо!
Имено, сите поканети на ревијата мора да го почитуваат специјалниот дрес код кој се состои од многу кармин, бунди врз долна облека, светки, високи потпетици, мини здолништа, сребрени детали и што уште не.
Иако домаќин на лудата забава и ревија ќе биде Џејкобс, на истиот настан ќе се случи и промоција на книгата Gloss за познатиот фотограф Крис вон Вангхајм, чии фотографии го прикажуваат иконското Студио 54 и сите работи што таму се случувале во 70 – тите.
Токму оваа промоција и книга го објаснува дрес кодот и темата на самата ревија и забава на дизајнерот кој е еден од најголемите обожаватели на Студио 54, а веќе може да претпоставиме чиј стајлинг ќе биде најлуд.
Едвај чекаме!