Мажите се повеќе стануваат опседнати со својот изглед

9 октомври 2013

Но, изгледа дека работите се изменија со текот на времето. Во Велика Британија била спроведена анкета и според резултатите од неа, 65% од жените изјавиле дека нивните момчиња или сопрузи се на диета и дека дури 82% од нив одбиле да јадат брза храна.

Авторот на книгата „Your Brain on Food: How Chemicals Control Your Thoughts and Feelings“ Гери Венк смета дека денешните мажи се опседнати со својот изглед за разлика од минатото. Нема ништо погрешно во водењето на здрав живот, но проблемот настанува кога тие стануваат опседнати со својот изглед, а во медицината постои термин за ваквиот проблем, односно – оторексија. Во минатото жените беа тие кои имаа проблем со нередовната исхрана и односот беше дури девет жени спрема еден маж, но сега односот е еден спрема два.

Научниците сметаат дека овие проблеми настануваат поради промени во општественото опкружување. Во денешно време се поголем број жени стануваат независни и се на високи работни позиции, а тоа од друга страна директно влијае на машкото его и несигурност. Вториот фактор кој влијае во опседнатоста е тоа што се поголем број луѓе стануваат свесни за изгледот на телото и фактот дека физичкиот изглед е во центарот на вниманието.

Доколку вашето момче или сопруг го има овој проблем обидете се да разговарате со него да стане свесен за проблемот и не заборавајте да му дадете до знаење дека вашата љубов кон него не се должи на физичката убавина

Објавено:
9 октомври 2013
Категорија: 
Актуел