Меган и Хари го најавија својот прв проект во соработка со Нетфликс

7 април 2021

Принцот Хари и Меган Маркл го најавија првиот проект на нивната продукциска куќа Арчивел, во соработка со Нетфликс. 

Станува збор за документарна серија која ќе го носи насловот Heart of Invictus, а во неа ќе бидат раскажани приказните за спортистите кои тренираат за Инвиктус Игрите 2022 - меѓународен спортски натпревар за повредени службеници на војската и воени ветерани, кој принцот Хари го основаше во 2014 г. 

Продуценти на серијата ќе биде оскаровското дуо Орландо фон Ајнсидел и Јоана Натасегара. 

„Многу сум возбуден што првата серија на Арчивел во продукција на Нетфликс е токму во соработка со Инвиктус. Се радувам на патувањето и горд сум на целата Инвиктус заедница," изјави принцот.

На прес конференцијата беше изјавено дека серијата ќе следи група неверојатни наптреварувачи ширум светот, секој од нив член на државна армија, кој имал некаква сериозна повреда која му го променила животот.

Меган и Хари минатиот септември објавија дека потпишале договор со Нетфликс, па Арчивел ќе продуцира серии, документарни филмови, играни филмови и детски програми.

Објавено:
7 април 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
297 пати