Кој ја замени Меган Маркл во Suits?

Веќе знаете дека Војвотката Меган Маркл се откажа од нејзината актерска кариера откако се венча со принцот Хари, а сите ја чекавме нејзината соодветна замена во мега популарната серија „Suits“.

Деновиве беше промовиран и трејлерот за новата сезона на серијата, а на големо воодушевување на фановите, се појавува прекрасната Кетрин Хејгл или позната како Изи од „Вовед во анатомија“.

Новата ѕвезда ќе го глуми ликот на Саманта Вилер, инаку нов партнер во компанијата на Харви Спектер, која ќе им стане или најголем сојузник или најмоќен непријател.

Вестите дека актерката ќе се појави во серијата беа објавени неодамна, но конечно излезе и првиот трејлер во кој се појавува таа, со што информацијата стана и официјална.

„Да се биде дел од тимот на Suits, беше не само совршен начин за соработка со исклучителен продуцент на кој особено му се восхитувам, туку и одлична шанса да станам дел од серија која има голем број на обожаватели“, изјави актерката.

 

Објавено:
8 јуни 2018
Прегледно:
1.070 пати