Војвотката од Сасекс дефинитивно беше во центарот на вниманието изминатата година, а тоа го докажа и со податокот дека е најбараната личност на Гугл за 2018 – тата година.
Благодарение токму на Меган Маркл и нејзината соработка со луксузниот бренд Живанши, оваа модна куќа годинава беше една од најпопуларните и најпребаруваните на Гугл. Клер Вајт Келер не само што ја креираше венчаницата на Меган за свадбата на годината, туку нивната соработка продолжи и за најголемиот дел од нејзините јавни појавувања. Веројатно тоа имаше и големо влијание при изборот на Келер за најдобра британска дизајнерка за 2018 на Британските модни награди.
Актерката која претходно не беше планетарно популарна, по свадбата со принцот Хари стана една од најславните личности, што го потврдува и најновата статистика на Гугл. Во листата на најпребарувани личности, ја следат Деми Ловато, Силвестер Сталоне, Логан Пол и Клои Кардашјан.
Меѓу модните брендови пак, покрај Живанши на топ листата на најпребарувани се и Александар Меквин, Долче и Габана кои зад себе имаат уште една година со многу скандали, како и онлајн продавницата за луксузни брендови Fashionphile.