Меланија Трамп, Бритни Спирс, стилот од 70-те – кои модни термини најмногу се пребарувале на Гугл?

15 декември 2021

Крајот на годината е резервиран за статистиката на најпребаруваните термини на Гугл.

Од корпорацијата излегоа со ранг листата за 2021 на најпребарувани термини во различни категории, а ние се фокусиравме на тоа што најмногу ги интересирало интернет корисниците во секторот мода.

Според извештајот на Гугл, меѓу најинтересните познати личности за публиката од моден аспект годинава биле и Бритни Спирс, Хери Стајлс, Меланија Трамп, Шер, Адам Сендлер...

Getty images

Исто така, ги интересирало како да комбинираат: корсет, boyfriend jeans, предимензиониран џемпер, џинс во прав крој, па и боб фризура...

Меѓу прашањата кои интернет корисниците најчесто му ги поставувале на Гугл биле и оние за тоа како да се облечат за одредена прилика (интервју за работа, концерт, дипломска, па дури и за бејзбол натпревар).

Во однос пак на стилската естетика, меѓу најпребаруваните фрази се и стилот од 50-те, 70-те и 90-те, ретро естетиката, како и комбинациите за фестивали.

Објавено:
15 декември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.191 пати