Меланија Трамп блесна на официјалниот божиќен портрет со Доналд Трамп

19 декември 2020

Со традиционалниот божиќен портрет, Доналд и Меланија Трамп им ги честитаа празниците на своите сограѓани, за последен пат од Белата куќа.

На фотографијата, двајцата сопружници се во компатибилни, елегантни, црно-бели комбинации. Меланија, која успеа да се профилира како прва дама со одмерен, елегантен и женствен стил и како една од најдобро облечените во Белата куќа, и овојпат блесна во софистициран црн костум комбиниран со бела кошула. Со оваа моќна и безвременска комбинација, како да сакаше да остави силен печат со кој го заокружува своето стилско влијание како прва дама.

Заедно со нејзиниот сопруг, тие се подготвуваат да ја поминат последната празнична сезона во Белата куќа, пред да им го отстапат местото на семејството Бајден.

Фотографијата која Меланија ја објави на својот официјален инстаграм прфил, ја направил фотографот на Белата куќа Андреа Ханкс на 10 декември.

Објавено:
19 декември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.356 пати