Мелиса Рауф: Првата финалистка во 94-годишната историја на Мис Англија која се натпреварува без шминка

26 август 2022

Двадесетгодишната студентката по политички науки Мелиса Рауф од јужен Лоднон е првата финалистка во 94-годишната историја на Мис Англија која се натпреварува без шминка.

Покрај тоа што го скрши стереотипот на натпреварот, Мелиса која се појави на полуфиналето во Лондон без никакви производи за убавина на себе, си обезбеди место во финалето на Мис Англија. Причината за тоа е, како што вели, надежта дека со овој потег ќе ги инспирира другите жени да го прифатат нивниот природен изглед.

Мелиса ќе се натпреварува заедно со 40 други жени за титулата, која ќе биде објавена на 17 октомври.

- Беше доста предизвикувачко искуство, но толку е неверојатно да се победи на овој начин. Ова ми значи многу бидејќи чувствувам дека многу девојки од различна возраст се шминкаат затоа што се под притисок да го сторат тоа.Ако некој е среќен во сопствената кожа, не треба да бидеме натерани да го покриваме лицето со шминка. Нашите маани не прават она што сме и тоа е она што го прави секој поединец уникатен. Мислам дека луѓето треба да ги сакаат и да ги прифатат нивните маани, бидејќи знаеме дека вистинската убавина лежи во едноставноста. - откри Мелиса, зборувајќи за своето искуство.

Фото: SWNS

Мелиса се изјасни дека „никогаш не се чувствувала удобно" во сопствената кожа кога се шминкала. Никогаш не чувствувала дека ги исполнува стандардите за убавина, но кога од неодамна ја прифатила својата природна убавина, таа одлучила да се натпреварува без шминка.

- Одам во финалето голо лице. Би сакала да ја искористам мојата платформа Мис Англија за да ја потенцирам природната убавина и да го елиминирам овој токсичен начин на размислување. - додава Мелиса. - Со оглед на тоа што менталното здравје е толку голема тема, сакам да допринесамо кон тоа сите девојки да се чувствуваат добро. Само сакам да ги отстранам сите стандарди за убавина. Чувствувам дека сите девојки се убави на свој начин.

Фото: SWNS

Конкуренцијата во 2019 година воведе натпревар во категорија „модел со голо лице", но ова е прв пат некој да се пријави на главниот натпревар без шминка.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mel❤️ (@melisaraouf)

Објавено:
26 август 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
727 пати