Светските медиуми денеска беа преплавени од фотографиите од убавиците кои се дел од „Мис Универзум“. На прелиминарното шоу што се одржа вчера, учествуваат мисици од 80 земји од светот.

Со својата убавина, грациозност и досетливост се обидоа да ги освојат симпатиите на жири-комисијата.

Покрај тоа што се појавија во бикини, убавиците се појавија и во свечени тоалети. Сепак, за нас посебно внимание привлекоа националните костими, секако направени со дизајнерска умешност. Различни и смели, овие дизајнерски решенија се навистина нешто што фасцинира.

Инаку, големото финале на „Мис Универзум“ ќе се одржи на 20-ти декември во Лас Вегас. Минатогодишната победничка Паулина Вега ќе треба да ја предаде круната на некоја од овие девојки.

Македонија пак, оваа година нема претставник на овој натпревар за убавина.

 

Објавено:
18 декември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.319 пати