Првиот понеделник во мај, секоја година е резервиран за најголемото случување во модата. Метрополитан Музејот на Уметности и Институтот за костими при истиот, секоја година, надвор од сезоната на награди, го користеа првиот понеделник во мај, за да го создадат најголемиот настан во модата - МЕТ ГАЛА!
Минатата година, поради пандемијата бевме лишени од таквиот гламурозен чин, каде модата нема граници, секој настан е обоен во различна модна тематика, а ѕвездите ги носат најекстравагантните, најнеобичните модни креации, честопати придружувани рака под рака со самите дизајнери.
На големо радување на модните вљубеници, МЕТ ГАЛА оваа година сепак ќе се одржи, но не во мај. Врвната модна забава е преместена за 13. септември - првиот понеделник во септември или денот кој во САД се слави трудот.
Секоја година настанот го придружува одредена тематика, па низ годините ги видовме следниве: Camp: Notes on Fashion (2019), Heavenly Bodies: Fashion and the Catholic Imagination (2018), Rei Kawakubo/Comme des Garçons: Art of the In-Between (2017), Manus x Machina: Fashion in an Age of Technology. Темата за оваа година e American Style, a водителката на настанот ќе биде поетесата Аманда Горман, која се појави на инаугурацијата на Џо Бајден.